Islam Doğru
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 2.483 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 74.817 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, бројот на заразени со Ковид-19 во оваа земја се зголеми на 1.263.705.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 2.483 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 74.817.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 256.855 откриени случаи, Италија со 214.457 откриени случаи и Велика Британија со 201.101 откриен случај.
Во САД досега се извршени над 8 милиони тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест се искачи на 213.109.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во Њујорк откриени се 333.491 случај со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 25.956 лица.