Emre Gürkan Abay
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Потенцијалната вакцина „Спутник 5“, која ја разви Русија против вирусот Ковид-19 е ефикасна 92 отсто во заштитата на луѓето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот фонд за директни вложувања ги објави новите информации за вакцината која ја разви Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја. Се наведува дека во целиот процес на развојот на вакцината учествувале 40.000 волонтери.
„Со првата доза се вакцинирани 20.000 луѓе, а со првата и втора доза 16.000. Според анализите кои ги имаме, стапката на ефикасност на вакцината против Ковид-19 изнесува 92 отсто“, се додава во соопштението.
Во него се наведува дека освен волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања, вакцината е тестирана на додатни 10.000 луѓе, вклучувајќи ги медицинските работници и лицата во ризичните групи.
Првата руска вакцина против Ковид-19, која ја разви Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, регистрирана е на 11 август.