Abdulrahman Yusupov
03 Јули 2021•Ажурирај: 04 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Бројот на случаите на коронавирусот (Ковид-19) во Русија на дневна основа се зголеми за 24.439 на вкупно 5.585.799, соопшти Оперативниот штаб за Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Дневниот број случаи на Ковид-19 е најголем од средината на јануари.
Во текот на изминатиот ден, од последици на вирусот во Руската Федерација починале 697 лица. Ова е рекорден број смртни случаи од коронавирусот од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата достигна 137.262.
Досега, од Ковид-19 во Русија оздравеле 5.053.417 лица, вклучително 17.899 во последните 24 часа.
Зголемувањето на бројот на заразени во Русија во изминатите неколку недели е предизвикано од појавата на делта-варијантата на коронавирусот, што значително побрзо се шири.
Русија не може да се пофали ни со добра имунизација, со оглед на тоа што досега само една доза на вакцината примиле 11,8 отсто од полнолетното население.
Кампањата го нема очекуваниот резултат дури и откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека лично ја примил руската вакцина „Спутник ве“ и ги повика граѓаните да го направат тој клучен чекор во борбата против пандемијата.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека делта-варијантата на коронавирусот (Ковид-19), што за првпат беше откриена во Индија, досега е регистрирана во речиси 100 земји и региони.