Elena Teslova
07 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Бројот на починати од последици на коронавирусот во Русија надмина 141.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалните податоци, во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 23.900 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 5,68 милиони.
Во земјата моментално има повеќе од 420.000 активни случаи, од кои половината се во Москва.
Во текот на изминатиот ден во Москва се регистрирани околу 5.620 нови случаи на Ковид-19 и 6.488 излекувани.
Воведени се повеќе превентивни мерки, вклучувајќи задолжителна изолација и ПЦР-тестови за лицата што имаат симптоми слични на грип за да се прекине ланецот на заразувањето.
Официјалните лица дополнително се подготвуваат за да спречат каква било криза во здравствениот систем, но заклучувањето се смета како крајно решение и ќе се воведе само доколку другите напори не успеат.