Ali Cura
28 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
МОСКВА
По последните спроведени тестирања, во Русија вкупниот број на лица позитивни на вирусот изнесува 379.051, додека досега од последици предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус животот го загубија 4.142 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции на инфекции од коронавирусот во Русија објави дека во последните 24 часа вирусот е детектиран кај уште 8.371 лице, со што вкупната бројка на лица позитивни на тестот на Ковид-19 достигна бројка од 379.051.
Во последното деноноќие регистрирани се 174 смртни случаи предизвикани од последици на заразеност со Ковид-19, вкупно 4.142 досега, додека бројот на оздравени е зголемен за 8.785 лица и изнесува 150.993.
Руските власти информираа дека на дневно ниво бројот на детектирани случаи се зголемува за 2,3%, но дека кај 42,5% од новите случаи не се забележани карактеристичните симптоми на заразеност со вирусот.
Во Москва, во последните 24 часа бројот на лица позитивни на Ковид-19 е зголемен за 2.054 и изнесува 173.497 лица, додека животот го загубија 71 лице, при што вкупниот број на починати во градот достигна 2.254 лица.
Во Москва оздравеа 71.251 лице кои биле заразени со новиот тип на коронавирус.
- 300.000 лица се под надзор
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите на Русија објави дека во последните 24 часа биле извршени 285.000 тестови, додавајќи дека досега во земјата се извршени повеќе од 9.700.000 тестови.
Во соопштението се наведува дека 300.000 лица се наоѓаат под надзор.