Hasan Esen
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЛОНДОН
Принцот од Велс, Чарлс, се тестираше и е позитивен на Ковид-19, се соопштува од прес-службата на неговата резиденција Кларенс Хаус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тестот на принцот од Велс е позитивен на коронавирус. Принцот има благи симптоми, но е во добра здравствена состојба, и во последните неколку дена својата функција ја извршуваше од дома“, изјави портпаролот на Кларенс Хаус.
„Принцот Чарлс (71) и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол (72), се наоѓаат во карантин, иако тестот на Камила излезе негативен“, додаде портпаролот.
Британското Министерство за здравство денес соопшти дека бројката на смртни случаи во Велика Британија изнесува 335 лица, а дека се потврдени 6.650 случаи на заразување.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 423.000. Од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 108.000 се излекувани.