Zehra Ulucak
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АНКАРА
Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн објави дека нејзината земја успеала да ја добие војната водена против ноиот тип на коронавирус (Ковид19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Си-ен-ен, врз основа на информациите објавени во локалните медиуми соопшти дека премиерката на Нов Зеланд во градот Оулкенд одржа прес-конференција на која посочи дека Нов Зеланд веќе 8-ми ден бројот на новодтектирани случаи на заразеност со Ковид-19 е едноцифрен, истакнувајќи „Ја добивме оваа војна“.
Премиерката Ардерн потенцирајќи дека немало „широко распространета општествена заразеност“ на Нов Зеланд, изјави дека во „моментов“ Ковид-19 е елиминиран, но дека е потребно земјата да не ја испушта превентивата од контрола, бидејќи во спротивно би можело да продолжи да се регистрираат нови случаи на заразеност.
Премиерката Ардерн продолжи со зборовите:
„Тоа значи дека е дојдено до моментот на уништување на вирусот, дека ќе стигнеме до 0 заразени, но тој би можел повторно да се појави во мали бројки, што не значи дека сме биле неуспешни. Тоа значи дека сме во позиција со пристап на минимална толеранција, што би значело многу агресивно раководење со случаите на заразеност за таа бројка да се држи на ниско ниво и пополека повторно да се доведе до исчезнување на случаите на заразеност.“
Премиерката Ардерн упатувајќи сочувство до семејствата на починатите, информираше дека последните неколку дена едноцифрен е бројот на новозарезени со Ковид-19, опишувајќи ги тое бројки како „неверојатни“.
- „Тоа успеавме да го направивме заедно“
Со пофалби зборувајќи за борбата што Новозеландѓаните ја спроведоа против ширењето на новиот тип на коронавирусто, Ардерн изјави: „Тоа успеавме да го направивме заедно“.
Премиерката Ардерн соопшти дека благодарение на олабавувањето на мерките против ширењето на Ковид-19, утре на работа ќе можат да се вратат 400.000 лица.
На темата дали Нов Зеланд ќе соработува со Австралија во борбата против Ковид-19, премиерката Ардерн истакна декаво моментов власта е фокусирана локално да се брани од вирусот.
„Со прерано отворање на границите не сакаме да го доведеме во опасност сиот вложен труд што досега го дадоа новозеландѓаните во борбата против Ковид-19“, изјави премиерката Ардерн.
- Бројот на смртни случаи се искачи на 19
Ешли Блумфилд, директор за национално здравје на Нов Зеланд информираше дека во болница во Оукленд поради заразеност со Ковид-19 почината 90 годишна жена која претходно имала здравствени проблеми, додавајќи дека со последниот случај, на Нов Зеланд досега се регистрирани 19 смртни случаи.
Блумфилд соопшти дека во последните 24 часа 5 лица биле позитивни на тестот на Ковид-19, со што вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип на коронавирусот изнесува 1.469, од кои 1.180 се излекувани.
- Вонредната состојба завршува по полноќ
Владата на Нов Зеланд информираше дека на полноќ ќе ја укине вонредната состојба што на 25 март беше воведена во земјата како превентивна мерка во борбата против ширењето на новиот тип на коронавирусот.
Наместо досегашното „4 ниво“ кое беше во сила во целата земја, владата одлучи наместо постоечките ограничувања да се прејде на „3 ниво“, во кое е дозволено да се работи, да се тргува, да се излегува надвор и може да се спроведуваат некои водени спортови.