свет, Коронавирус

Полицијата со водени топови го прекина протестот на илјадници граѓани во Германија

- Речиси 5.000 демонстранти, вклучувајќи и десничарски екстремисти и активисти против вакцинацијата, се собраа пред Бранденбуршката врата, додека застапниците расправаа за новиот закон за построги ограничувања поради коронавирусот

Ayhan Şimşek  | 18.11.2020 - Обновена : 19.11.2020
Полицијата со водени топови го прекина протестот на илјадници граѓани во Германија

БЕРЛИН 

Полицијата насилно го прекина протестот против воведувањето lockdown (целосно затворање) одржан во близина на германскиот парламент откако илјадници демонстранти не ги послушаа полициските сили да се разидат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Речиси 5.000 демонстранти, вклучувајќи и десничарски екстремисти и активисти против вакцинација, се собраа пред Бранденбуршката врата, додека застапниците расправаа за новиот закон за построги ограничувања поради коронавирусот.

Откако демонстрантите одбија да носат маски и да држат безбедносна дистанца, полицијата им порача на водачите на протестот мирно да ги завршат демонстрациите. Демонстрантите беа глуви на овие наредби, по што полициските сили користеа водени топови и солзавец.

Приведени се неколку демонстранти коишто одбија да се разидат.

Во Германија на 2. ноември воведени се нови мерки на јавен простор со цел да се спречи натамошно ширење на пандемијата и намалување на стапката на растот на бројката на заразени, со времетраење до крајот на месецот.

Според овие мерки, до крајот на ноември ќе бидат затворени театрите, кината, оперни и концертни сали, теретани, базени и козметички салони.

Забранети се и тимски спортови на аматерско ниво, а навивачите и понатака нема да можат да присуствуваат на натпреварите во Бундеслигата. Училиштата и градинките остануваат отворени.








На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın