Mahmut Atanur
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ЏАКАРТА
Повеќе од 2.000 хотели привремено се затворени во Индонезија поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за координација на морепловство и инвестициски работи, Лухут Панџаитан, соопшти дека пандемијата на коронавирусот негативно влијаела врз секторот за туризам и сместување на ниво на целата земја.
Панџаитан информира дека наспроти економското влијание на пандемијата, со цел да се заштеди, донесена е одлука на одреден период да бидат затворени повеќе од 2.000 хотели, додавајќи дека повеќе од 180.000 вработени во туристичката индустрија се негативно погодени од овој процес.
Министерот истакна дека првенствено се започнати активности за заживување на домашниот туризам.
Во меѓувреме, во рамките на борбата со пандемијата на коронавирусот, дадено е извесување дека туристичкиот остров Бали за домашните туристи ќе биде отворен на 31 јули, додека странските туристи островот ќе можат да го посетат на 11 септември.
Досега во Индонезија се детектирани 91.751 лице позитивни на коронавирусот, од последици на заразеност со Ковид-19 починаа 4.459, а оздравеа 50.255 пациенти.