АНТАЛИЈА (АА) - АЈШЕ ЈИЛДИЗ -
Оштетувањата на белите дробови предизвикани од новиот вид коронавирус (Ковид-19), кој предизвикува респираторна инсуфициенција, отежнато дишење и пневмонија, може да се откријат и на томографските слики, пишува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), со која се бори целиот свет, одзеде повеќе од 1 милион животи, а голем број луѓе се борат да преживеат во болниците.
Штетата предизвикана од Ковид-19 е откриена на томографските слики направени особено кај оние пациенти што дошле во болница жалејќи се на отежнато дишење, при што е утврдено дека имаат опструкција на белите дробови.
Белите сенки што се забележуваат на томографските слики направени кај пациент заразен со Ковид-19, откриваат опструкција на белите дробови, воспаление и нарушување на структурата на органот. Кај пациентите што не се заразени со коронавирусот томографската слика дава приказ на извонредна еластична структура на белите дробови.
Бидејќи капацитетот на органот се намалува како резултат на штетата предизвикана од Ковид-19, кај пациент кој има бели дробови со еластична структура доаѓа до уништување на структурата и повремено доаѓа до намалување на капацитетот на органот, што може да предизвика потешкотии во дишењето кај лицето и проблеми во одењето по закрепнувањето.
- „Се заморуваат и кога зборуваат“ -
Проф. д-р Јилдирај Чете, раководител на Одделот за итна медицина при Универзитетската болница „Акдениз“, за АА изјави дека можат да видат опструкција во белите дробови кај пациент кој дошол со отежнато дишење.
„Нивото на кислород кај овие пациенти опаѓа. Постои сериозно анксиозно растројство и отежнато дишење предизвикано од намалувањето на кислородот. Најмало движење го ограничува нивниот капацитет за напор. Пациентите претежно се во кревет и се обидуваат да дишат длабоко, бидејќи се заморуваат и при зборување.“
Изразувајќи дека пациентите во понапредна фаза на болеста не можат да останат ниту во кревет без дополнителен кислород, д-р Чете рече дека на пациентите им обезбедуваат кислород и истакна дека ги легнуваат на грб со цел да се обезбеди поголем проток на кислород.
- Можно е да дојде до стврднување на белодробното ткиво и нарушување на неговата структура -
Проф. д-р Чете, изјавувајќи дека понекогаш на пациентите им обезбедуваат поддршка од аспиратор, додаде:
„Белодробното ткиво, кое има еластична структура, може да се стврдне и да се наруши неговата структура. Оваа болест се појави во ноември минатата година. Нашите пациенти не ги следиме ниту една цела година. Податоците за Турција ги добивме во март. Светот сѐ уште не ги знае долгорочните ефекти на заразата, но некои публикации го покажуваат следното: Кај некои поединци заразени со КОВИД-19 со опструкција на белите дробови, во понапредната фаза се појавува слика што ја нарекуваме фиброза (стврднување на белите дробови). Ткивото на белите дробови има еластична структура и претставува орган кој е погоден за зголемување и намалување. Кога фиброзата се развива во белите дробови поради коронавирус, нема процес на намалување и проширување. Тоа е причина поради која се намалува капацитетот на белите дробови и капацитетот за напор кај пациентот. Тие не можат да се вратат на стариот функционален капацитет. Сѐ уште не знаеме кај колку пациенти се случува тоа и зошто тоа се случува кај некои заразени.“
- „Секој мора да ги следи правилата“ -
Проф. д-р Чете истакна дека ризичните групи особено треба да бидат внимателни.
„Луѓето со хронични заболувања, старите лица, лицата со белодробни заболувања, имунокомпромитираните пациенти треба треба да бидат многу повнимателни. Навистина, станува збор за многу лоша болест. Затоа, секој мора да ги следи правилата. Треба да излегува што помалку надвор, да се одржува социјална дистанца и мора да се носи маска кога сте надвор.“
news_share_descriptionsubscription_contact
