Muhammed Emin Canik,Emel Gözellik
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Мексико починаа 1.044, додека во Индија 445 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство на Мексико во последното деноноќие регистрирани се 1.044 нови смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на починати изнесува 21.825.
Бројот на дијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 180.545, со зголемување од 5.343 во последните 24 часа.
Бројот на излекувани пациенти пак достигна 135.279.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај од Ковид-19 на 19 март.
- Во Индија од коронавирусот во последните 24 часа починаа 445 лица -
Во Индија во изминатите 24 часа потврдени се 14.821 случај на Ковид-19, а починаа 445 лица.
Според вестите на НДТВ (NDTV), Министерството за здравство на Индија соопштило дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани нови 14.821 случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со вирусот се зголеми на 425.282.
Од Министерството информираат дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 445 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 13.699.
Бројот на излекувани од Ковид-19 во земјата се искачи на 237.196, откако во последните 24 часа се излекуваа 9.496 лица.
Според веб-страницата „Worldometer“, која ги прикажува податоците за Ковид-19 од земјите во светот, Индија е на четврто место по бројот на евидентирани случаи на Ковид-19.