Sinan Doğan,Gamze Türkoğlu Oğuz
31 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 971 лице, во Бразил 366, а во Мексико 339, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во изминатото деноноќие починале уште 971 лице, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 64.469.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи порасна на 3.621.245, со зголемување од 78.512 во последните 24 часа.
Досега во Индија од Ковид-19 оздравеа 2.774.801 лица заразени со коронавирусот.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 366 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 120.828 лицa.
Во Бразил во последното деноноќие дијагностицирани се 16.158 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 3.862.311.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата достигна 3.031.559.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 339 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 64.158.
Во Мексико во последното деноноќие откриени се 4.129 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 595.841.
Досега во Мексико оздравеа 412.580 лица заразени со Ковид-19.