Nuri Aydın
19 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
АНКАРА
Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.247 лицa, во Бразил 858, а во Мексико 624, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 1.247 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 85.619.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 93.337 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.308.015.
Досега во земјата, која има население поголемо од 1,3 милијарди, од Ковид-19 оздравеа 4.208.431 лице.
- Бразил
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 858 лицa, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 135.793 лицa.
Во земјата се откриени 39.796 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 4.495.183.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.789.139.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 624 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 72.803.
Во Мексико се откриени 4.841 нов случај на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 688.954.
Досега во земјата оздравеа 492.192 лица претходно заразени со Ковид-19.