Muhammed Emin Canik,Emre Aytekin
26 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа во Бразил починаа 1.211 лицa, а во Индија 705 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.211 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 86.449 лицa.
Во земјата се откриени уште 51.147 случаj, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на Ковид-19 порасна на 2.394.513.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.617.480.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се истакнува дека од Ковид-19 во земјата починале уште 705 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 32.063.
Исто така, во последните 24 часа дијагностицирани се уште 48.661 случај со овој вирус.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.385.522.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 885.577 лица.