свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 620 лица, во Мексико 480, а во Индија 467 лицa

Во Бразил се откриени уште 20.229 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.623.284

Büşra Selvi Öğütcen  | 07.07.2020 - Обновена : 07.07.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 620 лица, во Мексико 480, а во Индија 467 лицa

БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 620 лицa, во Мексико 480 лица, додека во Индија 467 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 620 лицa вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 65.487 лицa.

Во Бразил се откриени уште 20.229 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.623.284.

Од вирусот оздравеа 927.292 лица.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

На глобално ниво Бразил е втора земја во светот, по САД, според бројот на смртни случаи и лица позитивни на коронавирусот.

Институтот за статистика на Бразил претходно имаше објавено дека во мај 4,2 милиони лица го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, налик на симптомите што ги дава Ковид-19.

- Во Мексико 31.119 лица починаа од последиците на Ковид-19 -

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа во земјата како последица на вирусот Ковид-19 починале 480 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 31.119.

Во Мексико досега детектирани се вкупно 261.750 лица позитивни на коронавирусот, од кои 4.902 во последните 24 часа.

Досега во оваа земја оздравеа 159.657 лица заразени со Ковид-19.

Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.

- Ковид-19 е причина за смртта на 20.160 лица во Индија -

Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 467 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот се искачи на 20.160.

Во последните 24 часа се детектирани 22.252 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 719.665.

Во Индија досега оздравеа 439.948 заразени со коронавирусот.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.