Mücahit Oktay
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во анкетата спроведена како заеднички проект на „Асошиејтед прес“ и Центарот НОРК (Национален центар за истражување на мислења), Американците се скептици во однос на прашањето дали би се вакцинирале во случај да биде откриена вакцина против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во анкетата, 20% од Американците се изјасниле дека ќе одбијат да бидат вакцинирани, додека 31% се изјасниле дека се неодлучни.
Додека 51% одбиваат да бидат вакцинирани или се неодлучни бидејќи се загрижени поради „безбедноста“ на вакцината, 49% од анкетираните се изјасниле дека ќе се вакцинираат со цел да ги заштитат своите семејства и општеството.
- Латиноамериканците и Афроамериканците дистанцирани од вакцината
Иако како малцинска заедница се најпогодени од пандемијата на Ковид-19, во анкетата Латиноамериканците и Афроамериканците поскептички гледаат кон вакцината, за разлика од белата популација во САД.
Во анкетата, 56% од Американците белци се изјасниле дека ќе се вакцинираат со вакцината за Ковид-19, додека 37% од Латиноамериканците и само 25% од Афроамериканците прифатиле да бидат вакцинирани.
Анализирајќи според возраста, во анкетата евентуалното вакцинирање го прифатиле 67% од лицата на возраст од 60 години и повеќе, додека 40% од лицата на возраст под 60 години би се вакцинирале.