Fahri Aksüt
11 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Мексико денеска надмина бројка од 15.300, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во изминатите 24 часа се регистрирани 708 смртни случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 15.357“, се соопштува од Министерството за здравство.
Вкупно 4.883 лица се позитивни на Ковид-19 во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени се искачи на 129.184.
Пандемијата одзеде повеќе од 416.200 животи низ светот, додека вкупниот број на заразени во светот изнесува над 7,36 милиони. Повеќе од 3,45 милиони лица оздравеа, според податоците собрани од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.