свет, Коронавирус

Лекарите ги повикаа лидерите на ЕУ мигрантите од камповите да ги префрлат на безбедно место

Холандските лекари објавија писмо во кое е споделена загриженоста од можната појава на коронавирусот во камповите во Грција, каде што живеат мигранти

Selman Aksünger  | 29.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Лекарите ги повикаа лидерите на ЕУ мигрантите од камповите да ги префрлат на безбедно место

АМСТЕРДАМ (АА) - Европските лекари ги повикаа лидерите на Европската Унија (ЕУ) мигрантите од камповите да ги одведат на безбедно место со распределување меѓу земјите членки, поради ризикот новиот вид коронавирус Ковид-19 да се рашири во камповите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Холандските лекари Сане ван дер Коиј и Стивен ван де Вијвер на веб-страницата „en.sosmoria.eu“ објавија писмо во кое е споделена загриженоста од можната појава на коронавирусот во камповите во Грција, каде што живеат мигранти.

„Оваа ситуација ќе доведе до катастрофа во Европа“, предупредуваат холандските лекари.

Во писмото се наведува дека во кампот „Мориа“, каде што живеат над 40.000 мигранти, работат само неколку доктори.

„Игнорирањето на оваа состојба би било сериозно кршење на европските здравствени вредности“, напишаа европските доктори.

Пред четири години, лидерите на Европа во договорот со Турција истакнаа дека ќе земат одреден број бегалци, потсетија холандските доктори, додавајќи дека лидерите не го одржале своето ветување.

„Носењето на бегалците во камповите на грчките острови кои ги надминуваат капацитетите не е решение“, нагласија докторите.

Тие порачаа дека лидерите на ЕУ треба да останат лојални на договорот со Турција и додадоа дека мигрантите треба да се однесат на безбедно место во Европа.

Лекарите кои го поддржуваат писмото споделуваат селфија и видеа на социјалните медиуми, користејќи го хаштагот: #SOSMoria.

Досега писмото на холандските лекари го потпишаа 5.024 доктори, а на повикот поддршка дадоа 25.313 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın