Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
30 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Повторно регистрирана висока бројка на починати во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.660 лица во Бразил, 203 во Мексико, 163 во Аргентина, 124 во Колумбија, 166 во Перу, 101 во Чиле, 50 во Парагвај и на 25 лица во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.660 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 313.866.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 38.927, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.573.615.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.969.247 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 203 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.292 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 201.826 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.227.842, а досега оздравеа 1.765.244 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, според страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 163 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 55.611. Во истиот период детектирани се 14.014 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.322.611.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.088.256 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 124 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 63.079.
Во последните 24 часа детектирани се 7.049 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.389.779. Во оваа земја досега оздравеа 2.273.909 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 166 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.461 новозаразен
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.533.121, од кои починаа 51.635 лица, а оздравеа над 1.451.112 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 101 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 23.070.
Во истиот период регистрирани се нови 7.247 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 984.484, а оздравеа вкупно 918.446 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 25 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 719.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 270.347, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.211. Досега оздравеа 219.389 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 50 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 1.770 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 210.425, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.113.
Досега оздравеа 172.386 лица позитивни на коронавирусот.