БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.398 лица во Бразил, 272 во Мексико, 532 во Аргентина, 514 во Колумбија, 164 во Перу, 39 во Чиле, 85 во Еквадор, 102 во Боливија, 110 во Парагвај, 30 во Хондурас и на 49 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.398 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 454.429.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 80.486 , така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.274.695.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.733.987 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 272 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.932 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 222.232 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.402.722, а досега оздравеа 1.919.821 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 532 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 75.588. Во истиот период детектирани се 35.399 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.622.135.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.181.288 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 514 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 86.180.
Во последното деноноќие детектирани се 23.487 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.294.101. Во оваа земја досега оздравеа 3.078.965 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 164 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.321 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.937.245, од кои починаа 62.674 лица, а оздравеа над 1.887.133 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 39 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 28.624.
Во истиот период регистрирани се нови 5.176 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.344.618, а оздравеа вкупно 1.277.019 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 85 смртни случаи, вкупно 20.312 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.064 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 421.231.
Досега во Еквадор оздравеа 366.425 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 102 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 3.213.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 358.562, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.226. Досега оздравеа 286.644 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 110 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.307 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 342.221, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 8.701.
Досега оздравеа 281.562 лица позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 30 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.007 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 234.923, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 6.240 лица, а оздравеа 84.006 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 49 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 4.022.
Во истиот период детектирани се 4.586 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 276.435 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 236.292 лица заразени со Ковид-19.