БОГОТА
Продолжува големата смртност во земјите на Латинска Америка предизвикана од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19) , пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.305 лица во Бразил, 94 во Мексико, 170 во Аргентина, 465 во Колумбија, 284 во Перу, 114 во Чиле, 41 во Хондурас, 98 во Парагвај и на 43 лица во Уругвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.305 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 390.797.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 32.572, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.340.787.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.809.169 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 94 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.653 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 214.947 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.328.391, а досега оздравеа 1.850.680 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 170 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 61.644. Во истиот период детектирани се 15.012 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.860.884.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.518.167 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 465 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 71.351.
Во последното деноноќие детектирани се 17.190 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.774.464. Во оваа земја досега оздравеа 2.588.204 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 284 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.388 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.761.575, од кои починаа 59.724 лица, а оздравеа над 1.688.091 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 114 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 25.856.
Во истиот период регистрирани се нови 6.638 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 1.169.536, а оздравеа вкупно 1.099.918 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 41 лице, а Ковид-19 е детектиран кај 526 лица.
Вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 206.907, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 5.141 лице, а оздравеа 77.679 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 98 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 1.786 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 267.082, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 5.900.
Досега оздравеа 219.647 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 43 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 2.326.
Во истиот период детектирани се 2.549 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 184.865 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 154.489 заразени со Ковид-19.