БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 839 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 580.413.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 24.589, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.776.870.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.735.447 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 835 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 11.146 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 259.326 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.352.410. Досега во оваа земја оздравеа 2.700.732 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е 4. земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 205 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 111.812. Во истиот период детектирани се 6.731 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.185.620.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.874.141 лице заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 62 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 124.945.
Во последното деноноќие детектирани се 1.822 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.909.086. Во оваа земја досега оздравеа 4.738.885 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 23 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 412.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 490.879, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 18.452. Досега оздравеа 435.704 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 25 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 73 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 458.528, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.767.
Досега оздравеа 437.349 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 40 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 11.926 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 4.478 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 470.277.
Досега во оваа земја оздравеа 407.834 лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 30 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.084 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 339.841, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 8.932 лица, а оздравеа 107.283 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.