Dmitri Chirciu
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Со новиот тип коронавирус во Русија се заразени 1.248.619 лица, а од последиците на вирусот починаа 21.865 пациенти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на ширењето на Ковид-19 во Русија соопшти дека во последните 24 часа вирусот е потврден кај 11.115 лица, односно кај вкупно 1.248.619.
Во истиот период од последиците на вирусот починаа уште 202 лица, односно вкупно 21.865. Излекувани се уште 699 пациенти, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата е зголемен на 995.275.
Во Москва во последните 24 часа бројот на заразени е поголем за 3.229 и изнесува 314.788, а регистрирани се и 41 смртен случај, вкупно 5.442.
Податоците на Службата за заштита на потрошувачките права и јавното здравје покажуваат дека во последните 24 часа на присуство на вирусот се извршени 371.000 тестирања, со што вкупниот број на тестирања надмина 48,7 милиони.
Првиот случај на заразување во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.
Во земјата на 11 мај е регистриран рекорден број на заразени во еден ден - 11.656.
Со намалувањето на бројот на новозаразени ублажени се и мерките кои се воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19. Меѓутоа, маските и ракавиците се и понатаму задолжителни во затворените места и местата со голема фреквентност на луѓето.
Новата учебна година започна на 1 септември, а во училиштата не се задолжителни маските и физичката дистанца.