Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка повторно се зголемува бројот на смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.192 лица, 1.584 во Мексико, 235 во Аргентина, 398 во Колумбија, 113 во Перу, 26 во Чиле, 60 во Еквадор, 42 во Боливија и 35 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.192 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 211.491. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 62.094, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 8.573.864.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.518.846 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.584 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 18.894 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 142.832 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.668.396. Во оваа земја досега оздравеа 1.251.782 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 235 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 46.066. Во истиот период детектирани се 12.141 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.819.569.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.604.373 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 398 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 49.402.
Во последните 24 часа детектирани се 15.939 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 1.939.071. Во оваа земја досега оздравеа 1.769.935 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 113 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.561 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.073.214, од кои починаа 39.044 лица, а оздравеа над 989.367 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 26 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во земјата на 17.573.
Во истиот период регистрирани се нови 3.400 случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 677.151, а оздравеа вкупно 634.960 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 42 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.357.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 191.090, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.722. Досега оздравеа 145.537 лица позитивни на коронавирусот.
- Еквадор -
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 60 смртни случаи, вкупно 14.382 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 924 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 232.568. Досега во Еквадор оздравеа 199.332 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Гватемала -
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 35 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 5.313. Во истиот период детектирани се 1.131 новозаразен, вкупно 150.277 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 135.594 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.