БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.173 лица во Бразил, 265 во Мексико, 576 во Аргентина, 459 во Колумбија, 112 во Перу, 37 во Чиле, 100 во Боливија, 117 во Парагвај, 22 во Хондурас и на 51 лице во Уругвај.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.173 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 452.031.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 73.453, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.194.209.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.648.332 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 265 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.483 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 221.960 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.399.790, а досега оздравеа 1.917.958 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 576 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 75.056. Во истиот период детектирани се 24.601 новозаразен, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.586.736.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.157.660 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 459 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 85.666.
Во последното деноноќие детектирани се 21.181 лице позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.270.614. Во оваа земја досега оздравеа 3.63.330 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 112 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.343 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.932.255, од кои починаа 68.470 лица, а оздравеа над 1.881.421 лице кај кои бил детектиран коронавирусот.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 37 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 28.585.
Во истиот период регистрирани се нови 4.188 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.339.421, а оздравеа вкупно 1.270.769 лица претходно заразени со коронавирусот.
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 100 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а дека бројката на новозаразени изнесува 3.179.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 355.349, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.124. Досега оздравеа 285.170 лица позитивни на коронавирусот.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 117 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.223 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 338.914, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 8.591.
Досега оздравеа 279.343 лица позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 22 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 800 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 233.916, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 6.210 лица, а оздравеа 83.761 лице кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 51 лице од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 3.973.
Во истиот период детектирани се 3.979 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 271.859 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 233.629 заразени со Ковид-19.
news_share_descriptionsubscription_contact
