Islam Doğru
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ЊУЈОРК
Павел Урсу, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) во Турција, изјави дека Турција е земја пример во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
На својот профил на социјалната мрежа Твитер Урсу напиша објава во која коментира за бројот на тестови спроведени во Турција и за бројката на заразени и починати лица како последица од заразеност со Ковид-19 во оваа земја. Во објавата Урсу вели: „Турција е земја пример по прашањето за дијагностичкиот капацитет и огромните напори што ги вложува во борбата против Ковид-19. Турција го спроведува овој процес на вистински начин, транспарентно објавувајќи ги по електронски пат податоците поврзани со детектираните случаи на заразеност со новиот тип коронавирус и со смртните случаи во земјата.“