Muhammet Kurşun
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во текот на изминатите 24 часа, како последица на Ковид-19 починаа 81 лице, со што вкупниот број на починати од вирусот во земјата достигна 7.878, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 81 лице.
Бројот на заразени се искачи на 154.445, со зголемување од 2.979 во текот на последното деноноќие.
Џиханпур, истакнувајќи дека 2.578 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, рече дека излекувани и отпуштени од болница се 121.004 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Портпаролот на Министерството за здравство наведе дека во земјата досега се направени 955.865 теста за Ковид-19.
Џиханпур, посочувајќи дека поголемиот дел од граѓаните ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, рече дека во некои региони не се внимава на социјалната дистанца и носењето на маски.
Тој исто така истакна дека покраините Исфахан, Источен и Западен Азербејџан, Лористан, Кирманшах, Хурмузган и Систан-Белучистан се ризични места.
Во Иран, Ковид-19 за првпат е регистриран во градот Ком, на 19 февруари.