Mustafa Melih Ahıshalı
31 Мај 2020•Ажурирај: 31 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во текот на изминатите 24 часа, како последица на Ковид-19 починаа 63 лица, со што вкупниот број на починати достигна 7.797, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 63 лица, со што вкупната бројка на починати достигна 7.797.
Бројот на заразени се искачи на 151.466, со зголемување од 2.516 во текот на последното деноноќие.
Џиханпур, истакнувајќи дека 2.527 заразени со коронавирусот се наоѓаат во критична состојба, рече дека се излекувани и отпуштени од болница 118.848 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Тој исто така истакна дека покраините Исфахан, Источен и Западен Азербејџан, Лористан, Кирманшах, Хурмузган и Систан-Белучистан се ризични места.
Во Иран, Ковид-19 за првпат е откриен во градот Ком на 19 февруари.