Ömer Tuğrul Çam
16 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на земјите од Европската Унија (ЕУ) побараа да се унапредат работите за заедничка набавка на лекови произведени за лекување на пациенти со Ковид-19, како и за вакцините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На Самитот на лидерите на ЕУ дадено е соопштение за дискусиите кои се однесуваат на делот на пандемијата.
Во соопштението се потенцира на ширењето на варијантата Омикрон низ Европа и важноста од зголемување на стапката за вакцинацијата во однос на зголемувањето на бројот на заболени.
„Покрај вакцинацијата, мора да се продолжи и со имплементацијата на стратегијата на ЕУ за лекови за Ковид-19, вклучително и заедничка набавка“, се нагласува во соопштението.
По производството на вакцините за Ковид-19, Европската комисија во име на земјите од ЕУ ги набави вакцините на големо, по пониска цена.
Лидерите на ЕУ, исто така, истакнаа дека земјите не треба несразмерно да го попречуваат слободното движење на граѓаните.
Исто така, побаран е координиран пристап во однос на тоа колку долго ќе важи Дигиталниот сертификат за Ковид-19 на ЕУ што се користи при патувања во земјите на ЕУ.
Меѓу другото, лидерите истакнаа дека епидемијата ќе се надмине со глобална соработка и дека ЕУ ќе продолжи со донации и извоз на вакцини, особено во африканските земји, за да се зголеми вакцинирањето на глобално ниво.