Ömer Tuğrul Çam
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ги заврши прелиминарните преговори со фармацевтската компанија „Валнева“, со седиште во Франција, за купување 60 милиони дози од вакцината против коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија ќе купи од компанијата „Валнева“ 30 милиони дози од вакцината, а исто така ќе има можност да купи уште 30 милиони дози.
Се наведува дека вакцината на „Валнева“ ќе содржи неактивен вирус, а третата фаза на тестирањето на оваа вакцина против Ковид-19 сè уште не започнало.
Европската комисија ги води преговорите и склопува договори за купување на вакцината во име на земјите членки. До денес ЕУ потпиша договори со шест компании за приближно 2,3 милијарди дози од вакцината против Ковид-19.
Од ЕУ претходно е соопштено дека врз основа на потпишаните договори ќе бидат набавени 400 милиони дози вакцина од компанијата „АстраЗенека“, 300 милиони од компанијата „Санофи-ГСК“, 400 милиони од компанијата „Џонсон и Џонсон“, 600 милиони од компаниите „Фајзер“ и „БајоНТек“, 405 милиони од компанијата „КјурВак“ и 160 милиони дози од компанијата „Модерна“.
Освен со „Валнева“, ЕУ ги заврши прелиминарните преговори и со компанијата „Новавакс“ за купување на вакцината.
„Валнева“ е биотехнолошка компанија што развива и продава вакцини против заразни болести. „Валнева“ е основана во 2013 година со спојување на „Интерсел“ и „Вивалис“.