Burak Dağ
26 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
АНКАРА
Преземени се сите потребни мерки за одржување на приемен испит за универзитетите во Турција кој ќе биде одржан за време на викендот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Епидемијата за жал го погоди и терминот за одржување на испит, како и се останато. Новиот датум е одреден како мерка против неизвесноста, предизвикана со пандемијата“, изјави Ердоган за младите лица со кои разговараше преку социјална мрежа.
Според неговите зборови, датумот за испит е 27-28 јуни, за студентите кои се подготвувале за првиот датум за испит (25-26 јули) да бидат поштедени од додатен месец со стрес.
Ердоган ги советуваше студентите кои ќе го полагаат испитот да се фокусираат на прашањата и своите цели.