ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека во борбата против коронавирусот (Ковид-19) е потербно да се преземат итни чекори како во времето на глобалната финансиска криза, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ги повикувам сите земји на праведна борба против глобалната здравствена криза се додека целото човештво не почувствува олеснување", рече Ердоган во обраќањето на вонредниот самит на лидерите на најразвиените земји во светот, односно на самитот на лидерите на Г-20 кој е одржан со посредство на видеоконференција.
Истакна дека верува оти пандемијата на коронавирусот ги потсети луѓето на реалноста дека „сите ја делиме заедничката судбина иако нашите религии, јазици и земји се различни".
„Никој од нас го нема луксузот да спроведува протекционистички и еднострани политики. Мораме да преземеме одговорност и да развиеме глобална соработка во борбата против пандемијата Ковид-19", додаде Ердоган и потсети дека неговата земја вложува огромни напори за да пружи помош, као што рече на пријателските и братските земји во рамките на борбата против пандемијата на коронавирусот.
Нагласи дека земјите би требале да ги споделуваат своите претходни искуства и знаења во врска со начините на контрола на епидемијата и лекувањето на болеста.
„Ако продолжиме со еднострани постапки, неизбежно е дека ќе влеземе во нов процес кој негативно ќе се одрази на целокупната глобална трговија", рече турскиот претседател.
Потсетувајќи дека многумина земји силно се погодени со коронавирусот, вклучувајќи ги и оние најразвиените, истакна дека во овој момент е потребно да се обезбедат и средства за пружање хуманитарна помош за регионите и општествата погодени од војна, како и другите неразвиени земји, посебно во Африка.