ИСТАНБУЛ (АА) - Додека епицентарот на коронавирусот овој месец се префрли од Кина во Европа, со речиси половина од потврдените смртни случаи досега само во Италија, Европската Унија (ЕУ) е под критики поради неуспехот во пружањето обединет одговор во борбата против вирусот, познат како Ковид-19.
„Одговорот на ЕУ е измешан, иако брзо се подобрува“, изјави за Агенција Анадолија (АА) Димитриос Триантафулоу, политиколог од Универзитетот „Кадир Хас“ во Истанбул.
„Треба да запомниме дека пандемијата предизвикува две национални кризи, во ЕУ и глобални кризи - здравствена криза со егзистенцијалистички димензии, но и економски колапс“, додаде тој.
Според Илке Тојгур, европскa аналитичарka од Кралскиот институт „Елкано“ со седиште во Мадрид, „главната критика кон ЕУ е нејзината кратковидост во менаџирањето со кризата, заедно со екстернализацијата на нејзините проблеми - како во случајот на нерегуларната миграција“.
ЕУ се обвинува за обидите да го реши проблемот со нерегуларната миграција преку снабдувањето на Турција со средства, не сакајќи да прими голем број мигранти.
Во написот објавен на веб-страницата на Институтот под наслов „ЕУ, коронавирусот и менаџирањето со кризата: дали „солидарноста“ е реална или само алатка? Тојгур посочи дека кризата со коронавирусот од ЕУ „бара и краткорочен и среднорочен координиран одговор“.
„Спасувањето на сопствената нација или минимизирањето на влијанието на кризата и фокусирањето на одредени држави не може да е решението“, напиша таа. „Пружањето помош на соседите кога имаат потреба е првиот чекор кон помоќна Унија во борбата со пандемијата.“
„Во изминатите неколку недели, општиот имиџ презентиран од ЕУ беше неделувањето, недостатокот на координација и несолидарноста“, рече таа.
Во најмногу погодената земја од коронавирусот, Италија, се регистрирани 9.134 смртни случаи, најголем број во светот, Шпанија утринава пријави 5.138 починати, додека бројот на починати во светски рамки изнесува 27.761.
На 10 март, Маурицио Масари, постојаниот претставник на Италија во Европската Унија, напиша статија под наслов „На Италија ѝ е потребна помошта на Европа“.
„Сега е време ЕУ да ги прескокне ангажманот и консултациите, со итни активности што се брзи, конкретни и ефективни“, напиша Масари за веб-страницата „Политико“.
- Јавното здравство или економијата?
Според Триантафилоу, иако Блокот од 27 држави „има ексклузивна надлежност за монетарната политика на земјите членки чија валута е еврото, заштитата и подобрувањето на човековото здравје е првенствено надлежност на секоја земја членка поединечно“.
Тој додаде: „Ова е тешко да се сфати додека во исто време постојат одредени идеолошки разлики помеѓу земјите членки за тоа на што да му се даде приоритет - јавното здравство или функционирањето на економијата.“
Триантафилоу ја истакна внатрешната динамика во земјите членки, во кои е искомплицирана ситуацијата во однос на донесувањето одлуки.
„Додека на коалицијата ПСОЕ-Подемос во Шпанија ѝ требаше долго време за да одговори со воведување соодветни мерки, еднопартиската влада на Нова демократија во Грција беше многу поефикасна во ставањето приоритет на здравјето, наметнувајќи мерки за изолација релативно рано“, рече тој.
„Во случајот со Германија, комплицираниот однос меѓу Лендер [покраините] кои имаат значителни овластувања и федералната Влада треба исто така да се земе предвид во однос на улогата на Германија во рамките на делувањето во ЕУ“, додаде тој.
„Институциите на ЕУ, од друга страна - било да е тоа Европската комисија, Европскиот парламент или Европската централна банка - реагираа релативно добро, и покрај нивните структурни ограничувања и различните позиции на страните“, тврди тој.
Во четвртокот, обраќајќи се пред Европскиот парламент на состанокот во врска со коронавирусот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, рече: „Убедена сум дека иако можеби седиме подалеку едни од други од вообичаеното, мора да работиме поблизу заедно од кога било досега.“
„Мора да внимаваме едни на други, мора да се извлекуваме од ова помагајќи си меѓу себе“, додаде таа.
„Сите ние ја делиме оваа одговорност“, рече Дер Лејен. „Никој од нас не може да го преброди ова сам, и сигурно ниту една земја членка не може сама да се справи со оваа криза.“
Во текот на изминатите неколку недели, европските држави одлучија привремено да ги вратат контролите на границите со другите земји од Шенген-зоната, поради алармантното ширење на вирусот.
Некои земји дури и забрануваа влез на нивна територија на сите странски државјани, меѓу кои и на останатите жители на ЕУ.
Аналитичарката Тојгур потенцира дека коронавирусот е сериозна закана за и онака кревката Шенген-зона на Блокот, со која беа укинати границите меѓу земјите членки на ЕУ пред 25 години.
„Секогаш кога постои закана, една од првите реакции е затворањето на границите“, напиша Тојгур.
„Ова ги загрозува четирите слободи на Унијата: слободното движење на стоки, услуги, капитал и луѓе“, додаде таа.
- Италија добива помош од Кина и Куба -
На почетокот на оваа недела, видеото на кое се гледаат лекари кои доаѓаат од Куба за да помогнат во спречувањето на ширењето на коронавирусот во Италија, ги преплави социјалните медиуми. Слично, и испраќањето медицинска опрема од страна на Кина како помош на разни европски земји, исто така, беше нагласено во медиумите. Српскиот претседател Александар Вучиќ по тој повод изјави: „Европската солидарност не постои.“
„Единствената земја што може да ни помогне е Кина“, додаде тој.
„Пропаганда“, рече Триантафилоу за високото профилирање на помошта. „Точно е дека ЕУ и нејзините земји членки се бавни во одговорот на итните повици за помош на Италија во услови кога и тие самите треба да се борат за да ја обезбедат потребната опрема за нивните болници, итн.“
„Но, исто така е точно дека ЕУ и нејзините земји членки ги здружуваат своите сили, повеќе маски се испраќаат во Италија во оваа фаза од Германија и Франција отколку што се испратени од Кина.“
Тој додаде: „Има многу извештаи од Шпанија, како што објави „Ел Паис“, дека дури 80 отсто од комплетите за тестирање на коронавирусот што се испорачуваат од кинеска компанија не работат како што треба, додека според [италијанската] „Ла Стампа“, најголем дел од помошта пристигната од Русија е бескорисна затоа што испратеното не е она што во моментот ѝ треба на Италија.“
Значи, помошта можеби и не е толку импресивна како што првично се сметаше.
Во четвртокот, германското Министерство за надворешни работи исто така соопшти дека вкупно 47 пациенти на интензивна нега од Италија може да бидат лекувани во Германија. „Ние стоиме покрај нашите италијански пријатели“, објави Министерството на Твитер заедно со фотографијата од карго авион кој превезува пациенти.
Триантафилоу ја исклучи идејата дека европската солидарност не постои: „Таму е и се интензивира, институциите на ЕУ и земјите членки на ЕУ започнаа со здружување на своите сили.“
Додека смртните случаи од коронавирусот по број се далеку помали од бројот на излекувани случаи, вирусот сепак може да предизвика големи здравствени проблеми и евентуална смрт кај постари лица и лица со хронични болести, вклучувајќи висок притисок, дијабетес и астма.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември, вирусот се прошири во најмалку 175 држави и региони и делуваше на здравјето на над половина милион луѓе низ целиот свет, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
- Повик за будење на ЕУ -
Според Триантафилоу, и покрај широко распространетата критика за одговорот на ЕУ во однос на коронавирусот, фокусот е кон тоа дека ЕУ не презема доволна активност.
„Мислам дека кога на крајот ќе се изменаџира кризата со коронавирусот, ЕУ ќе продолжи со водството и ќе зајакне бидејќи кризата покажува дека ниту една земја не може да се справи со тоа сама“, рече тој.
За Тојгур, заедничката реакција на кризата е „единствениот начин ЕУ да биде геополитички глобален играч, говорејќи на јазикот на моќта“.
„ЕУ треба да дејствува европски како чекор кон делувањето глобално. Оваа криза, оваа глобална пандемија, треба да се сфати како повик за будење“, додаде таа.
Триантафилоу тврди дека оваа криза со коронавирусот ќе му помогне на Блокот да ги заостри своите правила на ангажман долгорочно, „да претрпи големи реформи, вклучително и можни преговори за нова спогодба“.
„Во услови кога САД се колебаат со нивниот пристап насочен само кон себе и Кина, за сите свои обиди да го избелат својот недостаток од политиката за спречување на ширењето од вирусот на неговиот поч�%B
news_share_descriptionsubscription_contact
