Rabia İclal Turan
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Градот Њујорк отпушти над 1.400 општински работници кои одбиле да примат вакцина против Ковид-19, соопшти Кабинетот на градоначалникот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата цел секогаш беше вакцинацијата, а вработените во службите на градот истапија и ја исполнија целта што им беше поставена“, рече Ерик Адамс во соопштението.
Помеѓу 1.430-те работници кои се отпуштени, 914 се просветни работници.
Градот Њујорк побара од општинските службеници да примат најмалку една доза од вакцините против коронавирусот до 29 октомври 2021 година.
Околу 9.000 лица кои одбија да примат вакцина беа на неплатено отсуство од ноември.
„Вработените во институциите под капата на градот беа на првите линии за време на пандемијата, и преку вакцинирањето тие уште еднаш покажуваат како се подготвени да ја направат вистинската работа за да се заштитат себеси и сите њујорчани“, рече Адамс.
Според локалните медиуми, работниците кои останаа без работа се помалку од 1 отсто од општинската работна сила во градот.