свет, Коронавирус

Германскиот министер за здравство, Шпан, очекува пандемијата на Ковид-19 да заврши напролет

„Ако не се појави нова вирусна варијанта за која вакцината не е ефикасна, што е малку веројатно, тогаш ќе ја надминеме пандемијата напролет и ќе можеме да се вратиме во нормала“, рече Шпан.

Erbil Başay  | 22.09.2021 - Обновена : 23.09.2021
Германскиот министер за здравство, Шпан, очекува пандемијата на Ковид-19 да заврши напролет

БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, во изјава за весникот „Аугзбургер Алгемајне“ (Augsburger Allgemeine) рече дека колективен имунитет за пандемијата на Ковид-19 ќе се постигне во пролетта 2022 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Наведувајќи дека од тој период ќе може да се вратиме во нормала, Шпан рече: „Ако не се појави нова вирусна варијанта за која вакцината не е ефикасна, што е малку веројатно, тогаш ќе ја надминеме пандемијата напролет и ќе можеме да се вратиме во нормала.“

Шпан истакна дека колективниот имунитет ќе се постигне во секој случај, и додаде: „Прашањето е дали преку вакцинација или преку инфекција? Вакцинацијата е дефинитивно најбезбедниот начин да стигнеме дотаму.“

Министерот за здравство, Шпан, предупреди дека луѓето најверојатно ќе бидат позитивни на Ковид-19, доколку не се вакцинираат.

Тој нагласи дека ризикот од пренесување на вирусот ќе се зголеми во есенските и зимските месеци, кога луѓето се претежно во затворени простории.

Шпан рече: „Прерано е да се отстранат мерките за Ковид-19. Ако немавме мерки за заштита, одделите за интензивна нега ќе беа полни поради големиот број невакцинирани луѓе“, рече Шпан.

Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“ (RKI), бројот на лица дијагностицирани со Ковид-19 во земјата е зголемен за 10.454 во последните 24 часа. Со тоа, вкупниот број на случаи се искачи на 4.160.970.

Со смртта на 71 лице од Ковид-19 во последните 24 часа, вкупниот број на загуба на животи во земјата се зголеми на 93.123.

Во кампањата за вакцинација, првата доза на вакцината против Ковид-19 е администрирана кај 67,4 отсто од населението, а втората кај 63,4 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.