Ayhan Şimşek
14 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
БЕРЛИН
Вакцината против коронавирусот (Ковид-19) би можела да биде спремна за финални тестирања пред крајот на годината, соопшти германскиот регулаторен институт за вакцини во четврток, јавува Агенција Анадолија (АА).
Професорот Клаус Чичутек, челник на Институтот Пол Ерлих за „Менхајмер Морген" (Mannheimer Morgen) рече дека се надева дека проектите на изнаоѓање вакцина кои моментално се водат во Германија, ќе остварат успех во наредните месеци.
Рече дека потенцијалната вакцина би можела да биде спремна на почетокот на есента за финални фазни истражувања, во кои ќе биде анализирана нивната ефикасност и сигурност, пред одобрување да можат да се користат за јавност.
„Доколку сите овие клинични тестови бидат успешни, би можеле да говориме за крајот на ова или почетокот на следната година и да продолжиме со процесот на одобрување", рече тој.
Германската биотехнолошка компанија „BioNTech" во април почна тестирање на потенцијална вакцина против Ковид-19 на луѓето, откако прими авторизација од Институтот Пол Ерлих.
Професорот Чичутек рече дека наскоро уште три истражувачки центри во Германија би требало да почне со клинички истражувања за своите потенцијални вакцини.
Научниците и истражувачите ширум светот неуморно работат на изнаоѓање вакцина против новиот тип на коронавирусот, кој кон крајот на декември 2019 се појави во Кина, а со кој досега се заразени околу 4,38 милиони луѓе ширум светот. Од последиците на Ковид-19 починаа 298.000 луѓе.