Erbil Başay
22 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
БЕРЛИН
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Германија достигна 5.086, јавува Агенција Анадолија (АА).
Аналитичката фирма „Рисклаер“ и Институтот за технологија „Карлсруе“, кои податоците ги собираат од речиси 400 локални извори, потврдија дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале уште 224 лица.
Во истиот период е потврдено заразување кај уште 1.388 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 148.453.
„Во Германија од почетокот на вирусот се излекувани 95.200 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19“, покажуваат податоците што ги објави германскиот весник „Тагшпигел“ (Tagesspiegel).
Со 39.344 потврдени случаи на заразување и 1.480 починати, Баварија е најтешко погодена од пандемијата.
Следува Сојузната Покраина Баден-Вуртемберг со 30.202 случаи на заразување и 1.130, и покраината Северна Рајна-Вестфалија каде што се заразени 30.198, а починале 976 лица.