Servet Günerigök
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Генералот Марк Мили, претседавачот на Заедничкиот генералштаб на Вооружените сили на САД, изјави дека „тежината на доказите“ укажува на природното потекло на пандемијата на овој коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тежината на доказите кажува дека тоа било природно, а не вештачко“, изјави Мили за новинарите во Пентагон.
Изјавата на највисоко рангираниот американски генерал следуваше неколку дена откако претседателот Доналд Трамп изјави дека видел докази кои му даваат „високо ниво на самодоверба“, дека Ковид-19 дошол од лабораторија во кинескиот град Вухан. Сепак, претседателот изјави дека не му е дозволено да зборува за тоа.
Истиот ден претседателот се спротивстави на Кабинетот на дирекцијата на Националната разузнавачка служба, кој објави како разузнавачката заедница се согласува со широко научниот консензус дека Ковид-19 не настанал вештачки, како и за тоа дека не е генетски модифициран.
Мили истакна дека Пентагон нема доверливи докази дека вирусот е намерно пуштен да се шири, но и дека тежината на доказите укажува дека веројатно не постоела намера.
Исто така изјави дека Пентагон не знае од каде потекнува вирусот, дали од лабораторија во Вухан, од пазар или од некое друго место, но и дека цивилните и американските владини агенции го разгледуваат тоа прашање.
„Многу би помогнало доколку кинеската Влада се отвори и им дозволи на инспекторите и истражителите да отидат таму“, додаде генералот.
Во САД, од вчера, од последиците на Ковид-19 починаа 71.078 лица, а повеќе од 1,2 милион заболеле од Ковид-19, велат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, вирусот се рашири во најмалку 187 земји и региони во светот, покажуваат податоците на Центарот за податоци за коронавирусот при американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Во светот има над 3,7 милиони позитивни на тестот за Ковид-19, над 257.300 смртни случаи и над 2 милиони оздравени пациенти.