свет, Коронавирус

Во светот досега Ковид-19 е детектиран кај над 135,4 милиони лица

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот досега, во светот од последиците на заразеност со овој вирус починаа 2.931.449 лица, а 108.980.458 заразени оздравеа

Sümeyye Dilara Dinçer  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Во светот досега Ковид-19 е детектиран кај над 135,4 милиони лица

АНКАРА 

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај повеќе од 135 милиони лица во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со коронавирусот во земјите од светот, на глобално ниво досега Ковид-19 е детектиран кај 135.433.642 лица.

Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број лица позитивни на коронавирусот, вкупно 31.802.772.

По САД, земји во светот во кои бројката на заразени изнесува над 1 милион се Бразил со 13.375.414 заразени, Индија со 13.205.926, Франција со 4.980.501, Русија со 4.623.984, Велика Британија со 4.365.461, Турција со 3.745.657, Италија со 3.736.526, Шпанија со 3.347.512, Германија со 2.974.110, Полска со 2.528.006, Колумбија со 2.504.206, Аргентина со 2.497.881, Мексико со 2.272.064, Иран со 2.029.412, Украина со 1.841.137, Перу со 1.628.519, Чешка со 1.577.972, Индонезија со 1.558.145, Јужноафриканската Република со 1.556.242, Холандија со 1.334.771, Чиле со 1.060.421 и Канада со 1.045.278 заразени.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот досега, во светот од последиците на заразеност со овој вирус починаа 2.931.449 лица, а 108.980.458 заразени оздравеа.

Сѐ уште 23.504.101 лице се лекуваат од Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.