Islam Doğru
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во САД во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 290 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот на 128.451, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да е епицентар на пандемијата на новиот тип на коронавирус во светот и земја со најмногу починати од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Податоците на интернет страницата „Worldometer“ на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот покажуваат дека во последните 24 часа вирусот е потврден кај 40.509 лица, односно вкупно 2.637.892.
По САД следуваат Бразил со над 1,34 милиони заразени, Русија со над 641.000 и Индија со повеќе од 550.000 случаи на заразување,
Њујорк е и понатаму најпогодена американска сојузна држава со 416.787 случаи на заразување и 31.484 починати како последица на заразеност со Ковид-19.
Во САД досега на присуство на Ковид-19 се извршени повеќе од 32,5 милиони тестирања, а оздравеа 1,93 милиони луѓе.