Islam Doğru
30 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јули 2020
ЊУЈОРК
Од последици на Ковид-19 во САД во изминатите 24 часа починаа уште 368 заразени лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата во таа земја е зголемен на 128.819, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД е земја со најголем број на заразени и смртни случаи во време на пандемијата.
Според ажурираните податоци на интернет страницата „Worldometer“, во САД во текот на изминатиот ден се потврдени 45.412 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразените во таа земја е зголемен на 2.683.304.
На Ковид-19 во САД се тестирани 33,2 милиони луѓе, а од Ковид-19 се излекуваа повеќе од 1,1 милион лица.
По САД, од пандемијата на коронавирусот најтешко погодени земји се Бразил со 1.370.488 заразени лица, Русија со 647.849 заразени и Индија во која се заразени 572.592 лица.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, новиот тип на коронавирус се рашири во најмалку 188 земји и региони во светот.
Според податоците на порталот „Worldometer“, пандемијата зеде над 509.500 животи во светот, повеќе од 10,45 милиони луѓе се позитивни на коронавирусот, а над 5,7 милиони оздравеа.