свет, Коронавирус

Во САД повеќе од 56.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД бројот на починати од новиот тип на коронавирус во последните 24 часа е поголем за 661, со што вкупнaта бројка изнесува 131.504.

Islam Doğru  | 03.07.2020 - Обновена : 04.07.2020
Во САД повеќе од 56.000 новозаразени со Ковид-19

ЊУЈОРК 

Во САД во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 661 лице, вкупно 131.504, јавува Агенција Анадолија (АА).

САД е и понатаму земја со најмногу заразени и починати од последиците на Ковид-19.

Податоците на Worldometer, интернет страницата на која се достапни информации за епидемиолошката ституација во светот, покажуваат дека во САД бројот на заразените во последните 24 часа е поголем за 56.107 и изнесува 2.837.726.

Бројот на починати од новиот тип на коронавирус во последните 24 часа во САД е поголем за 661, со што вкупнaта бројка изнесува 131.504.

По САД земји со најголем број на заразени во светот се Бразил (1.502.424), Русија (667.883) и Индија (632.998).

Њујорк, и покрај трендот на пад на дневниот број на заразени и починати од Ковид-19 и понатаму е најпогодена американска сојузна држава од коровирусот.

Во Њујорк до сега со вирусот се заразени 419.640, додека од последиците на вирусот починаа 32.166 лица.

Следуваат Калифорнија со околу 248.000 заразени и Тексас со повеќе од 183.000 заразени.

Во САД се извршени 35,54 милиони тестирања, а бројот на оздравените надмина 1,19 милиони лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın