свет, Коронавирус

Во Русија речиси 450 илјади лица позитивни на Ковид-19

- Во Русија 449.834 лица биле позитивни на тестот на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а 5.528 лица ги загубија животите од последици предизвикани од вирусот

Ali Cura  | 05.06.2020 - Обновена : 06.06.2020
Во Русија речиси 450 илјади лица позитивни на Ковид-19

МОСКВА

Во Русија 449.834 лица биле позитивни на тестот на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а 5.528 лица ги загубија животите од последици предизвикани од вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за контрола и превенции од инфекции на коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 8.726 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени во оваа земја се зголеми на 449.834.

Во последното деноноќие од заразеност со Ковид-19 починале 144 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.528, додека во истиот период од заразеност со коронавирусот оздравеле 8.057 заразени, зголемувајќи ја бројката на оздравени на 212.680.

За првпат во Русија бројката на новозаразени на дневно ниво е под 2% и изнесува 1,98%. Кај 37,1% од новозаразените лица не се забележани симптоми на заразеност.

Центар на заразата во Русија е главниот град Москва, каде што од 3 јуни досега, за првпат бројката на новозаразени е под 2.000, и изнесува 1.855, со што вкупниот број на заразени во главниот град се искачи на 191.069. Вкупниот број на смртни случаи во Москва изнесува 2.806, од кои 57 се починати во последните 24 часа.

Досега 97.358 лица заразени со вирусот оздравеле.


- Направени се над 12 милиони тестирања

Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека во последните 24 часа се извршени 320.000 тестирања, со што вкупната бројка на досега спроведените тестирања е над 12 милиони.

Во истото соопштение се наведува дека 317.000 лица се наоѓаат под надзор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın