Ali Cura
13 Декември 2021•Ажурирај: 14 Декември 2021
МОСКВА
Русија денес регистрираше уште 16 случаи на варијантата на коронавирусот Омикрон, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Новата варијанта е откриена кај 16 лица од 177 што пристигнале во Русија од Јужна Африка“, изјави пред Парламентот вицепремиерката Татјана Голикова.
Истакнувајќи дека сите пациенти во моментов се под опсервација, таа ја нагласи високата стапка на ризик од заразување.
На 6 декември, Русија ги пријави своите први случаи на варијантата Омикрон.
По развојот на настаните, московската администрација објави 14-дневен карантин за луѓето што пристигнуваат од Боцвана, Зимбабве, Лесото, Мадагаскар, Мозамбик, Намибија, Танзанија, Есватини, Јужна Африка и Хонгконг.
На 26 ноември, Светската здравствена организација го прогласи видот за „варијанта на загриженост“.
Од декември 2019 година, пандемијата однесе над 5,3 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, со повеќе од 270,21 милион случаи пријавени низ светот, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“ со седиште во САД.