свет, Коронавирус

Во Русија потврдени 440 нови случаи на заразување со Ковид-19

„Во земјата досега се потврдени вкупно 24 починати лица од последиците на вирусот, при што од вчера починаа 7 лица“, се вели во соопштението на здравствените официјални претставници

Elena Teslova  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
Во Русија потврдени 440 нови случаи на заразување со Ковид-19

МОСКВА (АА) - Во Русија, во последните 24 часа се потврдени 440 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 2.777, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Во земјата досега се потврдени вкупно 24 починати лица од последиците на вирусот, при што од вчера починаа 7 лица“, се вели во соопштението на здравствените официјални претставници.

„Досега во 75 региони на Руската Федерација се регистрирани вкупно 2.777 случаи на заразување. Денеска од болница се пуштени 69, а досега се излекувани 190 лица. Денеска се регистрирани 7 жртви од вирусот“, се додава во соопштението.

Ковид-19 се шири брзо, особено во главниот град Москва, каде што се наоѓаат две третини од случаите со бројка од 1.880.

Локалните власти тестираат специјална апликација дизајнирана за мониторирање на позитивните случаи кои доброволно бираат домашно лекување.

„Мобилната апликација за мониторирање се развива и е внатрешно тестирана“, изјави за новинарите претставникот на администрацијата на Москва, Денис Лисенко, додавајќи дека програмата ќе биде неопходна да се следат пациентите на домашно лекување.

„Ова ќе осигура безбедност на другите и ќе спречи понатамошно ширење на вирусот“, изјави Лисенко.

За да го спречи ширењето на вирусот, Русија воведе блокади на неколку региони, вклучувајќи го и главниот град Москва и вториот по големина град Санкт Петербург, при што секој ден се додаваат повеќе региони. На жителите во затворените области им е дозволено да ги напуштат домовите само за купување намирници, прошетка на миленичињата и за отстранување на домашниот отпад.

Исто така, Русија забрани влез на странските државјани и ги суспендира меѓународните летови.

По епидемијата со новиот тип коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 180 земји и региони низ светот, а Европа стана епицентар на пандемијата, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот од коронавирусот се заразени повеќе од 859.796 луѓе. Од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус починаа повеќе од 42.341 лице, а излекувани се 178.301 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın