Dmitri Chirciu
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 24.952, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.447.335, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 15.700 нови случаи на вирусот.
Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.447.335.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 317 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 24.952.
Оздравеа уште 10.952 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.096.560 лица.
Во Русија направени се над 55,1 милион тестирања за Ковид-19.