Elena Teslova
06 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
МОСКВА
Во Русија е регистриран нов рекорден број случаи на коронавирусот со 41.335 новозаразени во текот на изминатиот ден, зголемувајќи го бројот на лица позитивни на Ковид-19 во земјата на 8,75 милиони, од кои 975.123 се активни случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период, 29.201 лице закрепнале, со што вкупниот број на оздравени се зголеми на 7,53 милиони, додека 1.188 лица починале и стапката на смртност ја достигна бројката од 245.635 лица, соопшти работната група за итни случаи на коронавирусот во Русија во дневниот извештај.
Властите го обвинуваат ниското ниво на вакцинација за зголемувањето на случаите. Моментално, стапката на вакцинација изнесува 33,58 проценти и покрај широката достапност на дозите.
На 28 октомври, Русија започна со национален десетдневен неработен период, со цел да го спречи ширењето на вирусот.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година досега, пандемијата на коронавирус е причина за смртта на повеќе од 5,04 милиони лица во 192 држави и региони во светот, а детектирани се над 249,2 милиони случаи на зараза со Ковид-19.