Ali Cura
24 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
МОСКВА
Во Русија, вкупниот број на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, достигна 344.481, со зголемување од 8.599 во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од 1 мај, тоа е најмалата регистрирана бројка на заразени во текот на едно деноноќие.
Рускиот центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа бројот на смртни случаи од Ковид-19 е зголемен за 153, со што вкупниот број достигна 3.541.
Во последните 24 часа во земјата излекувани се 5.363 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани се зголеми на 113.299.
Во соопштението се наведува дека 43,9 отсто од новозаразените не покажуваат симптоми, и дека просекот на растот од бројот на заразени од 2,9 отсто е намален на 2,6 отсто.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 163.913 лица, додека како последица на вирусот Ковид-19 починаа 1.993 лица, со зголемување од 59 во последното деноноќие.
Во Москва вирусот Ковид-19 го победија вкупно 49.840 лица.
Во соопштението се наведува дека речиси 282.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор и дека досега се направени повеќе од 8.600.000 тестирања за коронавирусот.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од вирусот.
Позитивни на Ковид-19 беа и неколкумина високи руски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, и премиерот Михаил Мишустин.