Erbil Başay
27 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
БЕРЛИН (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Германија надмина 1 милион, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа во Германија дијагностицирани се 22.806 случаи.
Со ова, вкупниот број на случаи во земјата се зголеми на 1.006.394.
Во последните 24 часа починаа уште 426 лица, со што вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Германија порасна на 15.586.
Бројката на починати во последните 24 часа е највисоката бројка на починати од овој вирус регистриран досега во Германија.
Досега во земјата од Ковид-19 оздравеа 696.100 лица.