Cüneyt Karadağ
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
БЕРЛИН
Во последните 24 часа во Германија од последиците на Ковид-19 починаа 301 лице, со што вкупниот број е зголемен на 3.495, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на починати во Германија го надмина бројот на смртните случаи во Кина.
Според податоците на Министерството за здравство и локалните здравствени оддели, во Германија бројот на заболени од Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 2.138 и ја достигна бројката од 132.210.
Во земјата од Ковид-19 се излекувале 72.600 лица.
Со 34.812 случаи на заразување и 991 смртен случај, Баварија е најтешко погодена со пандемијата.
Коронавирусот за првпат се појави во декември минатата година во кинескиот град Вухан, откако се прошири во околу 200 земји и региони во светот.